Чудо на природата: Запознајте го бразилскиот голман со 11 прсти

519

Голманот на бразилскиот тим АБЦ, Едсон Лисбоа е феномен во светскиот фудбал.

Не поради некој извонреден квалитет, туку поради фактот што на своите две раце има 11 прсти. Тој самиот тврди дека тоа не му дава предност во однос на ривалите, но сепак е интересен за љубителите на фудбалот.

Искусниот чувар на мрежата има ретка генетска болест наречена полидактили која резултира со повеќе прсти на рацете.

“Многумина ме прашуваат дали користам специјални ракавици. Не, мојата рака добро се вклопува во нормалните. Има и такви кои се шегуваат на моја сметка, но веќе се навикнав”, вели Лисбоа.

Како дете, докторите сугерирале екстра прстот да се ампутира, но мајката на Едсон остро се спротивставила на тоа.