Зампарини: Среќни сме што Илија останува со нас, но Палермо можеби ќе треба да жртвува некого

587

Македонскиот фудбалер и член на клубот од Серија Б, Палермо, Илија Несторовски, денеска ја продолжи соработката со овој клуб до 2021 година.

Беше неизвесно и минатото лето дали Палермо ќе успее да го задржи надежниот Несторовски кој претходно го договорија за смешна сума од Интер Запрешич, но Илија остана дел од сицилијанската екипа, а сега и го продолжи договорот со нив.

Претседателот на овој клуб, Маурицио Зампарини го изрази своето задоволство од останувањето на Несторовски во клубот, но нагласи дека во иднина доколку бидат потребни финансии, Несторовски можеби ќе биде жртвата на Палермо.

Горди сме во клубот што го имаме Илија како играч, тој е наш капитен. Јас сум исклучително среќен што останува дел од нас, но ќе им потенцирам на новите сопственици, дека доколку нема нови средства во клубот, дел од играчите можеби ќе треба да бидат жртвувани“, алудирајки веројатно и на македонскиот фудбалер Несторовски.

Според слободни проценки во европски рамки, цената на Илија Несторовски се врти некаде околу 20 милиони евра.