Закана за стабилноста на фудбалот: Девет суперклубови чие „ненормално“ богатсво ја загрижува УЕФА

3307

Последниот годишен извештај на УЕФА укажува на постоење на неколку клубови чие богатство е толкаво што не постои реална шанса некој во поскоро време да ги стигне во тој поглед.

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона, Баерн и Пари Сен Жермен се означени од страна на УЕФА како брендови кои од година во година успеваат да материјализираат огромна навивачка база ширум светот на начин кој досега не е забележан.

Од економска точка, само од спонзори, продажба на дресови и останати комерцијални договори, споменатите клубови за шестгодишен период, инкасирале близу 120 милиони евра – по година!

Само за пример, просечната заработка на останатите (во предвид земени 700 клубови) од продажба на дресови и останати комерцијални договори не минува еден милион годишно.

Се поголемиот јаз помеѓу групата пребогати клубови и оние кои тоа не се, е тренд кој загрижува за што говореше и новиот претседател на УЕФА Александар Чеферин.

„Како чувар на играта во Европа, УЕФА мора да биде на штрек и да обрне внимание на негативните трендови во спортот, како што е енормниот профит и концентрацијата на спонзори на само една група клубови“, порача Чеферин.

Во извештајот на УЕФА Чеферин напиша дека воведувањето на финансискиот фер-плеј се покажал како полн погодок бидејќи таквиот вид контрола ги дисциплинирал клубовите кои имаат помал губиток отколку што беше пред воведувањето на тој мониторинг.

Меѓутоа, големиот диспаритет помеѓу големите и малите е се уште присутен.

На пример, 20 клубови од Премиер лигата заработуваат повеќе отколку сите 597 клубови од 48 најслабо рангирани лиги во Европа! Во следните години таа разлика ќе биде уште поголема, бидејќи договорите од ТВ правата во Англија од година во година само се зголемуваат.

Уште еден показател колку Англиската лига како водечка во финансиска сммисла е далеку над сите останати е податокот дека и најслабиот клуб во лигата заработува повеќе од ТВ права (околу 100 милиони) отколку најголемиот број клубови надвор од Островот заработуваат од сите спонзори заедно.

loading...