Закана за експлозија на бомба на теренот каде тренира Реал Мадрид (видео)

1151

Реал Мадрид е моментално на турнеја во Америка, каде се подготвуваат да зачекорат максимално подготвени за новата сезона.

Но на последниот тренинг на „кралевите“, било дојавено за наводно експлодирање на бомба, закана која подоцна се покажала како лажна.

На стадионот кај што тренирале Реал Мадрид, се наоѓале повеќе студенти од Универзитетот во Калифорнија, по што редарите веднаш по најавата за бомба, ги евакуирале сите присутни на стадионот.