Задар го нанесе вториот сезонски пораз, прв на домашен терен за МЗТ Скопје во АБА

253

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје во рамки на 3. коло од АБА лигата го забележа вториот пораз во низа, прв на домашен терен.

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ славеше тимот на Задар со резултат од 80-85 (15-18, 24-21, 24-22, 17-24). Составот од хрватска до победата во Скопје стигна благодарение на одлично одиграната последна четвртина. За составот од Задар ова беше прва сезонска радост во АБА лигата.

Кај „штрковите“ на денешниот меч прво име со 23 поени беше Јуре Лалиќ, додека Гарсија беше творец на 15 поени. Во победничкиот табор вистински лидер со 25 поени беше Американецот Престон Кновелс.

За МЗТ Скопје по победата во првото коло над Партизан ова беше втор пораз по ред, по оној минатиот од ФПМ. Во следното коло избраниците на Ацо Тодоров ги чека нов тежок испит со оглед на тоа што гостуваат на Игокеа, најпријатното изненадување сезонава.