Задар го „бетонира“ очајот на МЗТ Скопје во АБА лигата

402

АБА лигата е сепак „невозможна мисија“ за македонскиот кошаркарски очај, МЗТ Скопје, кој и вечерва доживеа дебакл.

Огромната победа на Задар во АБА првенството вечерва беше 10-ти неуспех на Металците сезонава, што комплетно го отслика очајот сезонава.

МЗТ Скопје уште од почетокот на натпреварот го загуби натпреварот, а од четвртина во четвртина разликата беше се поголема, што резултираше со конечен резултат 105:80.

Минчев беше најефикасен вечерва во редовите на МЗТ Скопје со 17 поени, додека кај победниците беше Бостик со 38 поени.