ЖРК Вардар носител на ждрепката за Лигата на шампионите

389

Актуелниот европски вицешампион ЖРК Вардар од првиот барабан ќе го чека својот ривал во групната фаза од Лигата на шампионите.

Тоа значи дека во првиот дел од елитното натпреварување ќе ги избегне другите три учесници на последниот Фајнал-фор: Ѓер, Будуќност и ЧСМ Букурешт со тоа што ЖРК Вардар е единствен во ова друштво што никогаш не бил европски првак.

Ждрепката за новата сезона ќе се одржи на 30 јуни во Љубљана, а групната фаза стартува на 6 октомври со дуелите од првото коло.