ЖРК Вардар ги доби противниците од групната фаза во Лигата на шампионите

941

Европскиот женски ракометен вицепрвак Вардар во следната сезона во групната фаза од натпреварувањето ќе игра со тимовите на Ларвик, ФТЦ Будимпешта и со победникот од втората квалификациска група.

Во квалификациската група се наоѓаат екипите на Турингер (Германија), Хорс (Шведска), Хипо (Австрија) и Атлетико Гуардес (Шпанија).

Во делот од костурот на Лигата на шампионите каде е Вардар се наоѓа и групата Д со која „Црвено-црните“ вкрстуваат во главната фаза. Таму се наоѓаат екипите на Будуќност, Мец, Битигхајм и победникот од квалификациската група 1.

Првите три екипи од групната фаза продлжуваат во главната фаза, каде се пренесуваат бодовите освоени против екипите што исто така продолжуваат. Се играат уште 6 кола, по три дома и во гости. Потоа следуваат четвртфиналните натпревари каде се вкрстува со екипите од групите А и Б.

Во групата А се: ЧСМ Букурешт, Никобинг, Крим, Вистал Гринија
Група Б: Ѓер, Ростов, Митјиланд, Брест Бретања.