Жестока провокација: Диего Коста со дрес на Атлетико го “поздрави” Конте (ВИДЕО)

2150

Диего Коста не е на подготовки со тимот на Челси и сите се уверени дека тој нема да ја продолжи кариерата во лондонскиот тим.

https://www.youtube.com/watch?v=XITXtlC0PdU

Во моментов се наоѓа на одмор во Бразил, а вчера при една забава упати жестока провокација до менаџерот Антонио Конте. Облечен во дрес на Атлетико Мадрид, својата забава тој ја проследи во живо преку Инстаграм каде се вклучи неговиот соиграч Цеск Фабрегас. Преку него, Коста го поздрави Конте и му порача да го гушне кога ќе го види.

По ова, минимални се шансите 28-годишниот да остане во Лондон.