Жерар Пике поведува револуција во тенисот!?

1726

Фудбалерот на Барселона Жерар Пике е познат како голем љубител на „белиот спорт“, а овие денови се најде во центарот на вниманието на тениската јавност откако изнесе револуционерна идеја.

Пике, имено, предложи промени во системот на натпреварување во Дејвис Купот. Натпреварувањето би било организирано на една локација и би траело седум дена, а учество би зеле 16 тима.

Неговиот предлог, меѓу останатите, го поддржаа Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј.

„Распоредот е комплициран, но драго ми е што луѓе како Пике имаат желба да вложат време и енергија со цел тенисот да стане подобар. Се надевам дека оваа идеја ќе заживее. Не знам како во иднина ќе изгледа Дејвис Купот, но сигурен сум дека нешто радикално мора да се промени“, изјави Ѓоковиќ.

Слично размислување има и „кралот на земјената подлога“.

„Меѓународната тениска федерација со години е статична. Не одат во чекор со времето и затворени се за нови идеи. Пике е дел од групата која сака да направи Светски Куп во тенис. Тоа е одлична идеја и се андевам дека ќе биде спроведена на дело“, изјави Надал.

Првиот светски рекет Енди Мареј изјави дека се работи за возбудлива идеја.

„Тоа е возбудлива идеја и ако се спроведе на дело, мислам дека ќе донесе многу добро за тенисот“, јасно изјави Британецот.