Е ова е подвиг – на 40 години стана шампион на Балканот во маратон

441

Во склоп на 26. издание на маратонот во Загреб кој се одржа вчера се трчаше и за првак на Балканот.

Во конкуренција помеѓу претставниците од 17 држави, беше и Македонија, а интересно нов шампион кај дамите е Србинката Оливера Јевтиќ која и на 40 години истрча најбрзо со време од 2:35:30.

За Јевтиќ ова е шеста победа во рамки на Балканскиот шампионат, како во полу-маратон, така и во маратон. Јевтиќ по трката истакна дека иако победила не е задоволна бидејќи очекувала уште подобро време.

Кога за оваа дама и на 40. години и нема рамен, може да се запрашаме каков е квалитетот на младите надежи, секако и на они во зрелите години за спортска кариера.