ЕХФ повторно го награди големиот борец на Вардар, Лука Циндриќ!

895

Средниот бек на РК Вардар, Хрватот Лука Циндриќ, кој веројатно ја имаше најдобрата сезона во кариерата, доби уште едно признание од страна на ЕХФ, за најдобар играч на месец јуни.

Лука Циндриќ беше еден од клучните играчи на „црвено-црните“ во завршницата од ЛШ во Келн сезонава, а беше клучен и за голот кој Вардар го вивна до финалето.

Признанието ЕХФ играч на месецот се избира од сите европски купови и плус од настапите за националните репрезентации. Потоа навивачите гласаат, а Лука Циндриќ беше прогласен за најдобриот играч во јуни.
Во конкуренција со Циндриќ беа и Арпад Штербик, Вуко Борозан, Тјери Омејер и Никола Билук.