ЕХФ и стави „вето“ на Грција во ракометниот свет: Соседите исфрлени од шампионатот

1817

Откако вчера младите ракометарки на Грција до 17 години, на мечот против селекцијата на Македонија, решија демонстративно да го напуштат теренот, поради тоа што кај нашите девојки на маичките го имало натписот „Македонија“, ЕХФ брзо ни ја додели победата, но и го отпиша нашиот јужен сосед.

Кадетките на Грција се исфрлени од шампионатот, тоа беше потврдено од страна на највисоката ракометна куќа, ЕХФ.

Мечот требаше да се одигра вчера, но поради тоа што не траеше дури ни една минута, девојките од Грција се повлекоа од теренот, а само неколку минути подоцна, ЕХФ го потврди статусот на Македонија со службена победа (10:0).

Освен што селекцијата на Грција е исфрлена, тие ќе мора да платат и парична казна од некои 20 000 до 25 000 евра.