Ефикасни „ѓаволи“: Јунајтед го растури Лос Анџелес Галакси во првата контрола (ВИДЕО)

10496

Манчестер Јунајтед оствари убедлива победа од 5-2 во првиот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона.

Противник беше Лос Анџелес Галакси, а за англискиот тим првпат настапија летните засилувања Линделоф и Ромелу Лукаку. Жозе Мурињо одигра со две различни постави во двете полувремиња, а подобри беа тие што играа во првото.

Рашфорд со два гола и Фелаини со еден го донесоа Јунајтед во водство по 26 минути игра. Во вториот дел Микитаријан и Марсијал погодија за водство од 5-0, а во финишот Џовани дос Сантос со два погодоци намали на 5-2.