Еуфорија кај фановите: Ѓоковиќ се врати!

532

По шестмесечна пауза, некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се врати, конечно, се врати на терените.

Враќањето го одложи неколку пати поради болки во лактот, но ноќеска потврди дека тоа е минато и дека е подготвен за претстојниот Австралија опен. На егзибициски меч во Кујонг, тој го победи Доминик Тим со 2-0 (6-1, 6-4).

“Најважно од се е дека лактот издржа, ме загрижуваше сервисот, но ова беше одличен тест. Засега е се во ред, не сакам да имам премногу самодоверба, но среќен сум од начинот на кој функционираше се. Никогаш досега не сум имал толку долга пауза и малку ми е чудно”, изјави Ѓоковиќ.

Пред Австралија опен тој ќе игра егзибициски дуели и против Надал и Кирјос, а првиот Гренд слем во сезоната ќе го дочека од 14. позиција на АТП листата.