Еуфорија во Србија: Македонец ќе ги предводи “орлите” на Мундијалот

3535

Еден од омилените српски фудбалски стручњаци најверојатно ќе биде назначен за нов селектор на репрезентацијата на нашиот северен сосед на местото на Славољуб Муслин.

Станува збор за светскиот шампион со репрезентацијата на Србија до 20 години, Вељко Пауновиќ. Весникот Новости објави дека тој синоќа допатувал од Чикаго во Белград на преговори со раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија. Засега нема официјална потврда на оваа информација, но со оглед на популарноста на Пауновиќ во Србија, нема да биде чудо ако деновиве биде назначен за селектор на српската репрезентација.

Пауновиќ оваа сезона го водеше тимот на Чикаго Фајр со кого одлично почна, но не успеа да обезбеди пласман во завршницата од МЛС.

Инаку, Пауновиќ е роден во Струмица, со родителите Софија и Благоје до неговата шеста година живееле во струмичкото село Василево по што се преселиле во Белград.