ЕУРО 2020: Брисел отпадна, отворањето во Рим, финалето на Вембли

266

УЕФА денеска го објави конечниот список на градови во кои ќе се игра Европското првенство во 2020 година.

Поради проблемите со изградбата на новиот стадион, отпадна Брисел кој требаше да биде домаќин на четири натпревари. Тие дуели му се доделени на Вембли иако како кандидати за замена се спомнуваат Стокхолм и Кардиф. Така во Лондон ќе се играат вкупно седум натпревари.

Белгијците требаа да изградат нов национален стадион во Гримберген, северно од Брисел со капацитет од 62 илјади места. Но, Еуростадионот нема да биде готов до почетокот на првенството, па затоа УЕФА го елиминира.

Европското првенство ќе се игра во 12 градови: Лондон, Минхен, Рим, Баку, Сант Петерсбург, Копенхаген, Амстердам, Букурешт, Глазгов, Даблин, Билбао и Будимпешта. Отворањето ќе се одржи во Рим, а полуфиналните дуели и финалето во Лондон.