ЕУРОСПОРТ ЌЕ ГО ПРЕНЕСУВА ШАНГАЈ МАСТЕРС

26

World Snooker и Еуроспорт најавија соработка за преносот на турнирот Шангај Мастерс. Овој турнир неодамна е додаден во светскиот календар на натпреварувања, а сега е договорен и пренос на Еуроспорт, кој инаку ги пренесува најзначајните снукер натпревари.

Шангај Мастерс ќе започне на 13, а ќе заврши на 18 ноември. На турнирот ќе настапат најдобрите светски снукер играчи како Рони О ’Саливен, Џон Хигинс, Марк Селби, Џуд Трамп како и Динг Џинхуи кој ја брани титулата од минатата година.

Шангај Мастерс се игра од 2007 година. Оваа година за наградата од 700 000 фунти ќе се борат 64 натпреварувачи, а Еуроспорт ќе врши пренос во 54 земји ширум Европа.

Оваа сезона на Еуроспорт не очекуваат World Championship, UK Championship, The Masters и Home Nations series натпреварите во снукер.