Еуроспорт станува дом на Олимписките игри во Европа

603

Првиот ден од 2017 година го означи важното патување за Еуроспорт кога и официјално стана дом на Олимписките игри во Европа. На логото на Еуросппрт е додаден симболот на Олимписките игри што ја означуваат новата ера за Еуроспорт, како за водечка спортстска дестинација, така и за преносот на најголемиот спортски настан – Олимписките игри.

Во логото се здружени два легендарни идентитети- Еуроспорт и олимписките кругови, со интегриран победнички пиедестал кој ја симболизира спортската одлучност и ја прикажува заедничката цел на спортистите жирум светот.

Новото лого е претставено пред почетокот на ФИС светскиот куп во скијачки скокови на четирите легендарни скокалници во Германија од каде имаше телевизиски пренос, како и пренос на Eurosport Player, eurosport.com и на социјалните мрежи на Еуроспорт. Овој натпревар е само дел од стотиците часа програма во живо од Светскиот Куп и светските првенства што ќе се пренесуваат на Еуроспорт и ќе го следат секој чекор на спортитите и нивниот пат до Пјонгјанг во 2018.

Во текот на претставувањето, Еуроспорт премиерно го прикажа краткиот филм посветен на игрите: „Милион патувања, една цел“. Филмот го прикажува патот на двајца спортисти кои од детството покажуваат спортска одлучност и остваруваат победи до моментот кога конечно стануваат олимпијци.

Еуроспорт за милиони гледачи низ Европа ќе го осигура преносот на Олимписките игри на сите видови екрани. На Олимписките игри е важна секоја секунда и Еуроспорт ќе се погрижи навивачите да не пропуштат ниту еден момент.

ЈБ Перет, претседател и извршен доректор на Discovery Networks International изјави: „Да ги инспирираш луѓето ширум светот е мисија на Дискавери веќе 30 години. Затоа е многу возбудливо што станавме дом на Олимписките игри, досегнавме до голем број луѓе во Европа и сме партнери со еден од најголемите глобални брендови. Го започнуваме нашето патување за да го редефинираме следењето на Олимписките игри и да досегнеме до што поголем број луѓе.”

Пирер Хатон, главниот и извршен директор на Еуроспорт додаде:”Еуроспорт има горда традиција на претставување на бројни зимски и летни олимписки спортови преку текот на целата година. Среќни сме што Еуроспорт сега станува вистинскиот дом на Олимписките игри. Планирањето на преносите е во тек, а продукцијата ќе ја води Барни Рос кој неодамна ни се придружи. Големи промени за игрите во 2018 се започнати.”

Дискавери Комуникејшнс и Еуроспорт се сопственици на мултимедијалните права на пренос на олимписките игри од 2018 до 2024 за 50 европски земји и територии.