Ердоган нареди: Натпреварите на Њујорк Никс не може да се пренесуваат во Турција

1072

Фановите на Њујорк Никс во Турција сезонава ќе бидат ускратени во приликата да ги следат дуелите на овој тим низ ТВ пренос. Причината е забраната од властие во оваа држава, а сето тоа поради Енес Кантер.

Овој поранешен турски репрезентативец се најде на удар на јавноста во Турција откако даде поддршка за Фатула Гулен кој е осомничен за државниот удар минатата година. Турските власти отидоа до таму што и му го одземаа државјанството на Кантер кој не може повеќе да се врати во својата родна држава.

„Минатата сезона пренесуваа 29 меча, но не и на Оклахома поради политика. Претседателот Ердоган е луд. Луѓето не сакат само мене да ме гледат. Тие сакаа да го гледат и Вестброк, но поради мене не можеа. Сега не може да го гледат Порзингис и за преноси мора да се снајдат преку посебни канали“, изјави Кантер.