Ем шуто, ем боде: Ги уништи Италијанците, уште поставува услови!

1886

Џанпјеро Вентура нема намера да си поднесе оставка од селекторската функција во италијанската репрезентација, но и дополнително ги нервира љубителите на фудбалот во своата земја.

Пред баражот против Шведска тој го продолжи договорот до 2020 година и сега поставува услови за да си замине. Од претседателот на Федерацијата, Вентура побарал отштета од 700 илјади евра за предвремен раскин на договорот што би овозможило ангажирање на нов селектор.

Ако Федерацијата на се согласи и еднострано му додели отказ, ќе треба да му плати 2,3 милиони евра.