Екс-шампионот растурен: Лестер дома прими шест гола, Кејн погоди четири пати (ВИДЕО)

1105

Екипата на Тотенхем стави печат на второто место на табелата во Премиер лигата откако синоќа го совлада Лестер до 6-1 како гостин.

Играч на натпреварот беше Хари Кејн кој постигна четири гола и со нив се искачи на чело на листата на стрелците со вкупно 26, поминувајќи го Ромелу Лукаку. Останатите два гола беа дело на корејскиот репрезентативец Сон.

На Тотенхем му останува уште еден натпревар и тоа против испаднатиот Хул, но нема шанси да се мрдне од второто место.