Екс фудбалерот на Јунајтед колабираше на маратонот во Лондон

3991

Некогашниот борец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Квинтон Фортјун, беше еден од учесниците на лондонскиот маратон, но за жал, колабираше во текот на истиот.

Тој за Манчестер Јунајтед настапуваше од 2000 до 2006 година, а во последните 600 метри од овогодинешниот лондонски маратон, имаше проблеми, а во целта влезе со помош на Томи Луис.

„Проблемите за него почнаа еден километар пред целта. На 600 метри пред крајот, неговата голгота стана уште поголема. Го држев за раце и со него влегов на целта“, раскажа пријателот на Фортјун, 39 годишниот Луис.

„Томи, ти си ангел. Ти благодарам тебе и останатите кои ми помогнаа да стигнам до целта“, порача Фортјун по незгодата.

За Манчестер Јунајтед одигра 75 натпревари и постигна 5 гола.

loading...