Екс играчот на Парма направи семејна драма – ѕверски ги убил сестрата и мајката

3097

Поранешен играч на италијанска Парма, Соломон Ниантаки, ги заклал својата мајка и сестра. 21 годишниот играч кој по потекло е од Гана, необјасниво посегнал по животите на своите најблиски.

Нивните безживотни тела ги пронашол братот на Соломон, Рејмонд во вторникот навечер, по што веднаш ја алармирал полицијата, мислејки дека тоа е убиство на некој друг.

Трагедијата се случила во мултиетничкиот дел на Парма, Сан Леонардо.

Полицијата брзо го идентификувала убиецот, за кој се тврди дека е во бегство некаде во Милано.

Соломон Ниантаки важеше за еден од најталентираните играчи на Парма, но поради добро познатиот банкрот на клубот, кога Парма беше исфрлена од лигата, Ниантаки играше за Имолезе во Серија Д.

Ниантаки веќе не игра фудбал, и полека се впуштил по криминалните квартали, далеку од просперитетот и кариерата која можееше да ја направи, известуваат италијанските медиуми.