Екс играчот на Виган: Се бореше да ја надживее болеста, но на 29 години ја загуби битката

949

Поранешниот фудбалер на Виган, дефанзивецот Хуан Карлос Гарсија, бил пронајден мртов на свои 29 години, откако ја загубил борбата со болеста која ја имаше, Леукемија. Фудбалерот е по потекло од Хондурас.

На Гарсија во 2015 година му беше дијагностицира таа болест, по која тој веднаш замина на лекарски надзори, но тоа не му помогна да ја надживее таа подла болест.

Тој иако беше играч на Виган во периодот од 2013 до 2016, долг период беше и на позајмица во Тенерифе.

Виган денеска ги потврди трагичните вести и порачаа на Твитер: „Ова се тажни вести за сите нас. Нашите мисли се со неговата фамилија и пријателите во овие трагични времиња“.

Клубот исто така потврди дека ќе има минута молчење како знак на почит на нивнито следен меч против Питерборо.