Експресно до втора победа за полуфинале на Македонија

375

Македонија чекори кон полуфиналето на Дејвис Куп турнирот во Созопол, Бугарија.

Победите против Малта и Исланд ни ги отворија вратите за пласман меѓу четирите најдобри, каде што најверојатно ќе играме против победникот од дуелот меѓу Луксембург и Лихтенштајн.

Македонија е пред вратите на полуфиналето од Третата група од Европската зона на Дејвис купот, по двете победи во првите две кола против Малта и Исланд. Во Созопол, Бугарија, вчераутро прво падна Малта, по решавачката победа во двојки, а потоа и Исланд, селекцијата против која по првите два меча поведовме со недостижни 2:0. До крајот на натпреварите од Групата Б, Македонија треба да се сретне и со Молдавија, која сепак настапува без својот најдобар играч Раду Албот.

После победата против Малта, Македонија си обезбеди триумф и против Исланд иако уште не е одигран мечот во двојки. После Димитар Грабул, и Томислав Јотовски успеа да забележи победа во вториот сингл-меч, така што без проблеми беше обезбедена победа за лидерска позиција на табелата.

Јотовски му препушти само еден гем на својот противник Биркир Гунарсон. Првиот сет го доби со 6:0, а вториот со 6:1, така што се врати во ритам после вчерашниот пораз. Ова е знак дека сега треба само формално да се одработи задачата против Исланд и да се дојде до првото место и до дуел за пласман во 2. зона.

Претходно Грабул славеше со 2:0 во сетови (6:4, 6:2) против Бонифациус, така што останува утре да се доработи задачата и против Молдавија за да се стигне до првото место во групата.

Само првопласираните екипи од четирите групи ги продолжуваат натпреварите, а пласман во поквалитетната Втора група од Европската зона обезбедуваат победниците од двете полуфинални средби. Групата Б, во која е Македонија, вкрстува со Групата Ц, во која Луксембург и Лихтенштајн најверојатно во меѓусебен дуел ќе решаваат за пласман меѓу четирите најдобри.