Единствената шанса на Обамејанг за голем европски трансфер е Јирген Клоп!

1563

Милан не верува дека Обамејанг вреди толкава сума на пари, за Реал едноставно не е доволно добар, ниту новиот спортски директор на ПСЖ не е воодушевен поради што и го стопираше трансферот, па и Франција пропадна како опција. На Обамејанг му остана да бира – дали ќе остане во Борусија или ќе оди во Кина. Се додека денеска не се појави и третата опција – Ливерпул.

Француски „Паризиен“ наведува дека Јирген Клоп, кој во Дортмунд го промовираше напаѓачот од Габон во светска ѕвезда, работи на случајот да ја обнови соработката. Ниту Обамејанг нема ништо против, бидејќи од Борусија е заситен, а Ливерпул следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Или барем во последното коло од квалификациите, таканаречениот плеј-оф.

Сопствениците на англискиот клуб од САД се подготвени да му излезат во пресрет на својот тренер и за 28-годишниот напаѓач да издвојат дури 70.000.000 евра што би било доволно за управата на Борусија да го пушти својот играч.

Останува да се види само колку информацијата на „Паризиен“ е точна. Иако делува дека ваквиот трансфер би бил логичен, за сите три страни.

loading...