Европскиот шампион работи на трансфер полето – Антиќ доби нов соиграч

1136

Шампионот на Турција и Евролигата, тимот на Фенербахче, успеа да ангажира ново засилување за идната сезона.

Откако потпишаа со Синан Гулер, турскиот шампион донесе уште едно засилување за следната сезона, станува збор за италијанскиот кошаркар Николо Мели.

Мели во европскиот шампион доаѓа од германската екипа Бросе Баскетс, каде минатата сезона одигра доста добро. Просечно бележеше по 11.5 поени по натпревар, 7 скокови и 2.3 асистенции по натпревар.

За две сезони колку што настапуваше за Бросе Баскетс, освои две титули во Бундеслигата, а претходно настапуваше за Олимпија и Реџиана.