Европа му се воодушевува на Мбапе: Меси и Роналдо не можеа ниту да сонуваат за вакви работи на негови години

1267

Се што направи оваа сезона го направи сигурно најдобриот фудбалер на планетата до 20 години. Сруши еден куп рекорди, а клубот и понатаму не сака да ја открие неговата откупна клаузула.

Килијан Мбапе ја запали Европа, ги воодушеви навивачите ширум светот со своите игри, а во негови години Роналдо и Меси беа далеку од достигнувањата на младата француска сензација.

Ако не верувате во тоа, постојат и докази…

Тој даде голови во двата меча против Дортмунд и стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кому му успеало такво нешто во нокаут фазата.

Мбапе даде 13 гола во лигата пред својата 19-та година, Меси даде 7 за Барселона на оваа возраст, а Кристијано тукушто го постигна својот првенец за „Ѓаволите“.

Ниту Меси, ниту Роналдо не дале хет-трик додека не наполнија 19 години. Мбапе го стори тоа во купот против Ремс, а потоа и во првенството против Мец.

Тој стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој давал голови во сите четири меча од осминафиналето и четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Покрај тоа, стана шестиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој дал голови во своите први четири натпревари во ова натпреварување. Роналдо во своите први четири натпревари во ЛШ не даде ниту еден, Меси само еден и тоа против Панатинаикос во ноември 2005. година.

Сега Мбапе брка нови рекорди. На ред е Клајверт. Легендарниот Холанѓанец му даде гол на Милан во финалето од Лигата на шампионите за триумф на Ајакс и стана најмладиот стрелец во финале од ЛШ. Ако Мбапе успее да дојде до финалето и постигне погодок, тогаш ќе стане нов рекордер.

Покрај тоа, Мбапе со уште две победи до крајот на сезоната ќе го претекне Меси како најмлад играч по бројот на победи пред својата 19-та година.

Оваа сезона, за потсетување, даде 22 гола и има 11 асистенции, сето тоа на 36 мечеви.

Дали ќе си замине престојното лето?

Во Монако се надеваат дека нема да се случи тоа. Од клубот потврдуваат дека тој има откупна клаузула, велат дека е висока, но не сакаат да ја откријат конкретната сума. Негираа дека Реал веќе испратил понуда, а се чини дека најреално е Мбапе да потпише за „Кралевите“ и потоа да остане на позајмица во Монако.

Минатиот месец го доби и првиот повик во сениорската репрезентација на Франција.

Фудбалер на иднината и со сигурност идна „Златна топка“ – Килијан Мбапе.

loading...