Евролига: ЦСКА имаше -16, се врати од мртвите и победи против Емпорио Армани

418

Емпорио Армани прилично добро ја намали силната ЦСКА Москва да дојде до првата победа, и иако италијанската екипа имаше голема предност од +16, сепак прокоцкаа победа.

После 6 години во кои плејмејкер на ЦСКА беше фантастичниот Милош Теодосиќ кој од оваа сезона е дел од НБА, клубот од Русија почна нова ера со победа над Армани во првото коло од Евролигата.

Засилувањето Серхио Родригез беше одличен со 20 поени 5 скокови и 4 асистенции, додека учинокот на Вил Клајбурн беше 15 поени, 12 скокови и 3 украдени топки.

Кратката клупа на Емпорио Армани ги чинеше на крајот почетна победа сезонава во Евролигата.

Од останатите мечеви, Реал Мадрид славеше против Анадолу Ефес со 74:88, а Макаби славеше против Бамберг со 88:71.

Во тек се натпреварите Олимпијакос – Басконија и Уникаха – Фенербахче.