Еве како одбојкарите сами си организираа дочек (Видео)

5919

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија по втор пат го освои сребрениот медал во Европската лига и уште еднаш го потврди квалитетот на талентираната генерација која четврти пат во низа беше дел од завршниот турнир. Во финалето одбојкарите со 3:1 загубија од Украина, но на земјава и го донесоа второто сребро од ова натпреварување.

За жал нивниот успех ниту овој пат не беше одбележан достојно. Овој пат тие не “заслужија“ ниту телевизиски пренос, па љубителите на овој спорт кај нас мечевите на “спартанците“ ги следеа преку интернет.

Третманот на момчињата кои во минатото минаа низ многу проблеми и премрежја, а патуваа и илјадници километри со (неисправен) автобус е крајно несоодветен.

Затоа тие одлучија по нивното пристигнување вчера вечер во Скопје самите да си организираат дочек: