Еве како Гасол потврди дека ќе игра за Шпанија

180

Актуелниот европски шампион Шпанија и ова лето ќе биде прв фаворт за златниот медал на престојниот континентален собир кој ќе се одржи од 31.август до 17.септември.

Секако дека голема важност за слекторото Серџо Скариоло ќе има и играњето на еден од најдобрите поединци По Гасол, кој денеска го потврди својот настап за “црвената фурија“.

Центарот на Сан Антонио на минатото Европскопрвество беше најдобар поединец  во шпанската кошаркарска селекција и воедно најзаслужен што неговиот тим ја освои титулата.

Секој турнир за мене потенцијално е последен. Затоа на теренот мора да соберете и сили и да дадете се од себе. Останува времето да покаже дали ќе бидем дел од екипата за две години за време на Светското првенство“ – изјави Гасол

Шпанија на континенталниот шампионат ќе разигрува во групата Ц, заедно со Хрватска, Чешка, Црна Гора, Романија и Унгарија.