Евертон си најде замена за Лукаку!

2048

Белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку судејќи по се на крајот на оваа сезона ќе го напушти Евертон.

Челниците на Евертон пред неколку недели му понудија нов договор на напаѓачот, но Лукаку ја одби понудата, по што стана јасно дека има намера да го напушти Евертон на крајот од сезоната. Клубот од „Гудисон“ за Белгиецот би требало да заработи 80 милиони фунти.

Англиските медиуми пренесоа денес дека тренерот на оваа екипа, Роналд Куман веќе одлучил како ќе ги потроши парите од трансферот на Лукаку. Како што се наведува, Евертон на лето ќе се обиде да донесе тандем од Шпанија, Бакамбу и Вилиан Жозе.

Бакамбу моментално настапува за Виљареал, додека Жозе е член на Реал Сосиједад. Според пишувањата на Телеграф, Коман веќе некое време ги следи овие двајца напаѓачи, па тие ќе бидат главната мета на Евертон доколку Лукаку го напушти тимот. Овој тандем би требало севкупно да чини околу 50 милиони фунти.

loading...