Евертон оди по Тео Волкот!

1872

 

Кога парите не се проблем тогаш си конкурентен на трансфер пазарот.  Таков е случајот за Евертон, кој е прилично активен ова лето. Мирор открива дека Евертон подготвува понуда од 30 милиони фунти за Тео Волкот.

Играчот мината сезона имаше големи осцилации во формата, во даден момент го загуби местото во првиот тим на Арсенал, по што беше изоставен и од репрезентацијата.

Арсен Венгер истакна дека Волкот можеби не е клучен играч во тимот, но ја цени неговатa лојалност и затоа тој сеуште е дел од топџиите. Но сето тоа може да се смени со добра финасиска понуда.

Приказната за новите засилувања во Евертон ја потркепуваат и претходните гласини дека клубот исто така е заинтересиран и за Кристијан Бентеке од Кристал Палас, бидејќи во тимот сакаат да најдат замена за заминатиот Ромелу Лукаку.