Дурент: Ние не одигравме најдобро, можевме подобро, а Леброн…

2563

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурент, изјави дека неговите соиграчи можеле да одиграат и подобро во првиот финален меч против Кливленд, кој го победија за почетно водство.

Вориорси беа подоминантна екипа во првиот натпревар од финалето, и натпреварот го добија со резултат 113:91.

Јунак на средбата беше Дурент, кој постигна 38 кошеви, и апсолутно се повеќе расте во очите на навивачите од Оукленд. Дурент повеќе од дуелите на првата средба ги имаше со Леброн, но по натпреварот, изјави дека нема да се преоптеретува со тие дуели.

Тој ќе работи тоа што секогаш го прави. Сите знаете што се може тој, а јас само се обидувам да играм цврсто колку што можам, но не сакам целиот натпревар да се сведе на нашиот дуел, сепак овде играат Голден Стејт и Кливленд, а не јас и Џејмс“, истакна Дурент.

Иако Вориорси остварија уверлива победа, Дурент смета дека неговата екипа не се покажала во најдобро светло, односно дека можат далеку подобро.

Можевме да одиграме уште подобро, но кога во финале добивате шанса за победа, ќе ја зграбите каква и да е“, констатираше Дурент.