Дурент до Леброн: Е сега сме 1:1

633

Уште од почетокот на финалната серија во НБА финалето годинава, Кевин Дурент и Леброн Џејмс беа претенденти за наградата најкорисен играч.

Трофејот годинава го доби Кевин Дурент, кој претходната сезона, допатува во тимот на Голден Стејт од екипата на Оклахома Тандерс, иако таа негова трансфер идеја, навивачите на Тандерс ја жигосаа како предавничка.

Сепак, тој покажа дека го направил вистинскиот чекор во својата кариера, и конечно освои титула на која толку многу и се надеваше.

Не можев да спијам два дена пред големиот меч, толку бев нетрпелив. Сакав да дадам се од себе на теренот. Бевме одлични вечерва, но мора да им симнеме капа на Кливленд. Не држаа постојано будни на теренот, и одлично е за нас што на домашен терен ја освоивме титулата“, констатираше Дурент.

Тој имаше што да каже и за големиот противник, Леброн Џејмс.

Леброн, тој е единствената личност, на која се угледувам од 2012 година. Тој единствено може да ме погледне во очи. Ова знаев дека ќе биде голема битка со него. Тој е незапирлив, му реков дека сега сме 1:1“, заврши Кевин Дурент.