Драми во Шпанија: Тренер нокаутираше свој играч по излегување од игра (Видео)

4795

Тензична и доста непријатна ситуација на натпревар од Шпанија, помеѓу екипите на Хетафе и Хуеска.

Тренерот на Хуеска, Хуан Антонио Анхел, со глава го удри својот играч Давид Лопез, кој беше повлечен од игра, поради незадоволството на неговиот тренер во 60 минута.

Хуеска е убедливо поразена на овој натпревар од Хетафе со 3:0 во полуфиналето од натпревар во плеј-офот, а екипата која ќе оди понатаму, ќе има шанса да се избори за ЛА ЛИГА престој следната сезона.

Играчот демонстрираше нервоза при излегување од игра, а при конфронтацијата со тренерот, тој го извлече подебелиот крај, доби глава, а веројатно ова лето ќе добие и шут карта од клубот поради таквото агресивно однесување.

loading...