Драма на Пољуд: Тренерот погоден со столче во глава, „Торцида“ експлодираше од бес (Видео)

1360

Навивачката група на Хајдук Сплит, „Торцида“ вечерашниот меч против Рудеш го започна со девет минутно молчење, во знак на протест поради деветте бода заостаток зад водечкиот Динамо Загреб.

Хајдук водеше на почеток од мечот со уверливи 2:0, но некако до крајот на мечот, односно во вториот дел, се случи гостите да постигна три гола и целосно да го свртат мечот, а потоа настана вистинскиот хаос на „Пољуд“ во Сплит.

Бесните „Торцидаши“ плукаа и фрлаа со се што ќе им дојде при рака кон своите миленици, на кои попатно и им порачуваа…

Ќе добиете ќотек, играјте пи*ки“, Срами се Хајдук, соблекувајте ги дресовите, управа оди си! – тоа беа дел од скандирањата кои се слушаа од трибини.