Драма во Португалија: Евра со кунг-фу удар нокаутираше навивач на Марсеј, исклучен пред мечот (ФОТО)

5170

Марсеј вечерва гостува во Португалија кај Гимараеш, во рамките на натпреварот од Лига Европа, а по првиот дел мрежите мируваат голови нема (0;0).

Но на овој меч се случи инцидент уште пред почетокот на спектаклот, а Патрис Евра беше исклучен, со што стана прв играч во историјата на ова натпреварување, кое е исклучен пред да почне натпреварот.

Пред почетокот на мечот при загревањето, дел од играчите на Марсеј беа нападнати од сопствените навивачи, а Патрис Евра успеа дури да влезе и во физички контакт со еден од навивачите.

Во моментите на нервоза, Евра со „кунг-фу“ удар го удри еден од навивачите кој беше во толпата, па секунди подоцна,беше исклучен од судијата.