Драма во „Пионир“ – Некогаш беше Кецман, денес тоа е Хечер (Видео)

689

Кошаркарот на Партизан Вилијам Хечер веќерва им ја украде победата на Цедевита со кош во последната секунда од драматичниот меч во „Пионир“.

Партизан победи со 74:73, а најзаслужен на крајот се покажа Хечер, кој ги обнови сеќавањата против хрватската екипа, како некогаш Душан Кецман кога погоди тројка за победа во последните стотинки.

Со оваа победа Партизан дојде до 1:1 во серијата против Цедевита, а одлуката за патникот во финалето на АБА лигата ќе падне следниот викенд во Загреб.

loading...