Драмата во Истанбул за Олимпијакос – Евролигата ќе добие нов шампион

1603

Олимпијакос успеа во драматичен натпревар одигран во Истанбул, да ја победи ЦСКА Москва, која е актуелен шампион во Евролигата и со 78:72, да си обезбеди финале сезонава.

Неверојатен натпревар полн со пресврти, во кој на крајот можат да жалат ЦСКА Москва, кои имаа сигурно водство на неколку минути пред крајот на мечот.

Руската екипа подобро го отвори мечот, па првите 10 минути ги преточија во водство (18:12). Во вториот дел исто така ЦСКА беше подобра (22:21), па на полувреме се замина со резултат 40:33.

Третата четвртина беше наменета за Олимпијакос (24:27), а последните 10 минути беа во режија на искусниот Василис Спанулис, кој повторно, заедно со Принтезис, беа клучните играчи на тимот од Пиреа.

Олимпијакос сега го чека подобриот од дуелот Фенербахче – Реал Мадрид кој се игра вечерва. Најефикасен кај Грците вечерва беше Принтезис со 14 поени.