Доста беше одмор: Федерер ќе игра до крајот на сезоната

314

Најуспешниот тенисер во историјата Роџер Федерер ги израдува своите фанови откако денеска изјави дека не планира да одмора повторно до крајот на годината.

Тој не се појавил на тениските терени уште од крајот на март кога триумфираше на Мастерсот во Мајами, а ги пропушти сите турнири на земјена подлога, вклучувајќи го и неодамна завршениот “Ролан Гарос”. Целосно одморен, тој ќе атакува на титулата на Вимблдон што би бил негов 19. Гренд слем трофеј во кариерата.

“Нема повеќе одмор за мене, доста одморав. Сакам да бидам шампион на теренот, а не да се подготвувам како за Светско првенство. Затоа ќе играм до крајот на годината, се зажелев за тенис”, изјави Федерер.

Според планот, тој треба да настапи на турнирите во Штутгарт и Хале кои се генерална проба пред Вимблдон.