Дончиќ: Уживам во Реал Мадрид, можеби и идната сезона нема да заминам во НБА

342

Еден од најголемите таленти на денешницата во кошарката, младиот 18-годишен Словенец, Лука Дончиќ во интервју за шпанските медиуми откри дека не ја исклучувам можноста и после оваа сезона да остане во Реал Мадрид. Многумина веќе го гледаат како следен прв пик на НБА драфтот, но на Лука се чини не му се брза многу.

„Не мора да значи дека ова е мојата последната сезона во Реал Мадрид. Оваа година имам поголема одговорност во екипата, особено по повредата на Љуљ кој е многу битен дел од нашата екипа. Не гледам во далечната иднина. Сега сум овде и се чувствувам одлично. Убаво е кога говорат за тебе во суперлативи, но се трудам од тоа да се изолирам колку што можам повеќе. Сакам да останам на земја, да тренирам и се концентрирам на кошарката и Реал“, изјави Дончиќ.

За потсетување, овој млад кошаркар како што рековме на почетокот, на само 18-години стана европски првак со селекцијата на Словенија и тоа како важен фактор во успехот.