Дончиќ по мечот со специјален подарок за имењакот, синот на Антиќ

2409

Црвена Звезда направи големо изненадување вечерва откако во рамки на Евролигата го шокираше Реал Мадрид на гостински терен.

Човек на одлука беше нашиот Перо Антиќ кој покрај победничката тројка на 7 секунди пред крајот на мечот, одигра неверојатна одбрана во последните минути.

Моментално најголемата млада надеж на европската кошарка, актуелниот европски првак со Словенија, Лука Дончиќ, по крајот на мечот ја посетил соблекувалнта на српскиот шампион, и им ја честитал победата.

Дончиќ притоа му дал подарок на нашиот Перо Антиќ кој треба да му го предаде на еден од своите синови кој исто така се вика Лука. Изненадувањето за синот на Перо е дрес потпишан од Дончиќ