Донарума е веќе „јуда“ за „Росонерите“ – вечерва му испратија јасна порака (Видео)

4013

Последните настани со голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ја разбрануваа јавноста и дојдоа доста лоши коментари на сметка на овој млад и перспективен голман.

Неговиот агент најави дека Донарума нема ова лето да го продолжи договорот со „Росонерите“, што по автоматизам значи дека или ова, или следното лето бесплатно ќе го напушти Донарума Милано.

Тоа не им се допадна на „Росонерите“, па на вечерашната средба помеѓу младите на Италија и Данска, меч кој е уште во тек (Води Италија 1:0), над голот на Џиџи Донарума, беа фрлени лажна хартија, или банкноти, алудирајки на тоа дека Донарума трча по пари, а не по големината на фудбалскиот клуб Милан.