Донарума доби пофалба за односот по провокацијата со фрлените банкноти

6194

Тренерот на Донарума во репрезентацијата на Италија, Џиџи Ди Баџо, го пофали однесувањето на младиот голман вечерва, по големата провокација од трибини.

По дознавањето на информацијата дека Донарума нема да го продолжи договорот со Милан, фановите бурно реагираа на социјалните мрежи, а тој свој бес вечерва го истурија пред голот на голманот на Милан, пред кого фрлаа лажни банкноти долари, алудирајки на тоа дека за пари го напушта клубот.

Донарума остана смирен во дадената ситуација, тоа беше тешка ситуација за него. Тој со овој потег докажа дека е доста зрела личност, и дека размислува како 30 годишен професионалец“, изјави голманскиот тренер на Азурите. на пресконференцијата.

Освен фрлањето пари кон голот на Донарума, од трибини постојано се слушаа скандирања „ДОЛАРума, ДОЛАРума“.

loading...