Доминацијата на Вардарци во СЕХА идеалниот тим (видео)

490

Освојувањето на третата шампионска титула во СЕХА лигата, беше најдобар доказ дека Вардар овде доминира.

„Црвено-црните“ кои во финалето го победија Веспрем со 26:21, станаа најуспешна екипа по оваа сезона во ова натпреварување.

По една таква успешна приказна, СЕХА лигата го состави идеалниот тим, во кој место имаше за четири играчи од колективот на Вардарци.

Тимур Дибиров беше прогласен за најдобро лево крило, Иван Чупиќ за најдобро десно крило, додека Жоан Кањелас си доби две награди, за најдобар среден бек на првенството и МВП на турнирот.