Додека го чекаа Хамилтон на прес, Ботас и Раиконен беа хит пред новинарите (ФОТО)

2726

Додека Луис Хамилтон денеска триумфираше на домашната патека во Силверстоун, минувајки низ големи радости и безброј фанови кои сакаа да се фотографираат со него, на пресконференцијата по трката се случи една интересна ситуација.

Финците Валтери Ботас и Кими Раиконен го чекаа повеќе од 5 минути во пресконференциската сала, и тоа изгледаше прилично ладно, како што и медиумите ги нарекуваат финските возачи.

Со победата Луис Хамилтон му се доближи на Себастијан Фетел на само бод заостанување, а до крајот на сезоната, титулата освен што ќе ја решаваат главните борци во оваа битка, тие ќе имаат голема помош и од своите колеги сигурно, кои денеска беа на пиедесталот.