Довициозо ја одложи шампионската промоција на Маркес

564

Лидерот во генералниот пласман во Мото ГП, Марк Маркес остана на само четири бода од шампионската титула откако на трката за Големата награда на Малезија го освои четвртото место.

Победата му припадна на Андреа Довициозо, па одлуката за новиот првак ќе биде донесена за две недели во Валенсија. Маркес има 21 бод повеќе од италијанскиот возач, а победа во Мото ГП носи 25 бода.

До една од најважните победи во кариерата Довициозо стигна благодарение на големата грешка на тимскиот колега Хорхе Лоренцо на пет круга пред крајот. Тој се излизга на влажната патека и за малку не излета од неа, а тоа му беше доволно на Довициозо да го помине и да стигне до триумфот.

Лоренцо на крајот го освои второто место, а на подиумот се качи и Жоан Зарко на Јамаха.

За освојување на титулата, шеста во кариерата, на Маркес за две недели му е потребно барем 12. место што, бездруго, не може да му избега.