Довициозо триумфираше во неизвесен финиш на трката во Австрија

200

Андреа Довициозо триумфираше на трката за Големата награда на Австрија која се возеше денеска.

Возачот на Дукати успеа да с еодбрани од нападите на Марк Маркес во самиот финиш на трката на патеката “Ред Бул ринг“ и за 175 стотинки беше подобар од Шпанецот на Репсол Хонда.

Подиумот го комплетираше вторито возач на Репсол Хионда, Дани Педроса.

Во генералниот пласман и натаму води Маркес но сега со предност од само 16 бодови во однос на Довициозо. Трет е Bињалес, a на четвртото место Роси.

Следната 12 трка во МОТО ГП шампионатот ќе се вози во Велика Британија на патеката “Силверстоун“ на 27.август.